Tuesday, June 8, 2010

Вашето бебе


Online макркетингот е сеуште во пелени. Допрва почнува да расте, нека расте и вашиот бизнис со него.

Ако сте решиле да се рекламирате на овој начин првото правило за кое треба да бидете свесни е правилото на една третина.

Што значи тоа? На почеток одредете колкав е вашиот буџет за online маркетингот, потоа вложете една третина за да ја направите вашата веб страница, една третина за промовирањето на тој сајт и една третина за одржувањето на истиот.

Без оглед колку и да е феноменална вашата веб страница , таа е безвредна ако никој не ја знае. Кога ќе ја поставите треба да размислувате за неа како на пример за доенче на кое му треба постојано внимание и кое постојано се менува.

Tuesday, June 1, 2010

4 практични совети за социјалните мрежи


Скоро секој ден луѓето се повеќе се интересираат за социјалните медиуми. Тоа се случува бидејки постојано слушаме дека на тој начин може да се заработи, да се научи нешто повеќе или пак затоа што едноставно е забавно. Но на крајот на краиштата, не е важно која е причината да влезеш во светот на друштвените мрежи, туку важно е дека се одвојува време да се научи, и тоа да се научи добро.

За новајлиите кои се подготвени да го прифатат тој предизвик и да научат нешто повеќе за социјалните мрежи, еве неколку едноставни но практични совети

1. Гледај и учи. Ова е дефинитивно испробан и тестиран метод за учење. Гледај што прават останатите и учи од тоа што го гледаш. Тоа што ќе го видиш и научиш употреби го во пракса.

2. Експериментирај, експериментирај, експериментирај. Не постои начин да создадеш свој сопствен стил на социјалните мрежи доколку не направиш чекор напред и си “играш“ со постоечките техники. Не се плаши да истражуваш нови нешта. Кој знае, можеби и ќе создадеш нешто ново, никогаш не се знае. Но сигурно нема да успееш ако не пробаш.

3. Држи се до тоа што функционира. На крајот најде ефективен начин на кој можеш да работиш со социјалните мрежи во текот на твојата експериментирачка фаза, тоа е одлично. Но време е да се качиш на едно ниво погоре. Употреби го тоа што го знаеш да ја подобриш работата и да ја направиш поефективна.

4. Не заборавај да се забавуваш додека учиш. Некои луѓе додека учат стануваат многу сериозни, со што по пат ја губат убавината и забавата во учењето на нови нешта. Немој да бидеш премногу сериозен, размислувај “out of the boxes“. Кога си премногу стегнат не гледаш колку е забавно експериментирањето и развивањето на твоите нови сопствени техники.

Ова всушност и како што самите можевте да забележите и не се баш оние техники за друштвените мрежи кои можеби ги очекувавте. Но доколку вистински ги прифатите истите, ќе сватите дека техничкиот аспект на “social media marketing“ нема воопшто да претставува проблем.

Monday, May 31, 2010

Односи со јавност на интернет


Доколку за вашата компанија излезе некоја вест (на тв или во весник) со која може да се создаде негативна слика за вашето работење, односите со јавност се уметноста која треба да ја примените за да ги “свртите“ нештата во ваша полза.

Но, за да нема недоразбирања, не станува збор за лажење, туку едноставно да ја кажете другата страна на приказната. Интернетот е совршен медиум, а вашата веб страница е местото каде што можете во целост да имате контрола над содржините и пораките кои се само ваши.

Кога фактите со кои располагате, можете да ги прикажете на начин со кој ќе ги потиснете сите невистини или загрижувачки тврдења кои некој ги изнел против вашата компанија или вас лично, и би го претставиле својот производ/ услуга на таков начин јавноста да ја разбере неговата корист и вредност може да се каже дека сте постигнале П.Р. нирвана.

Денес е незамисливо на пример за политичките кандидати да ги занемарат веб сајтовите на кои може да се download-ира политичка програма, да се пронајдат податоци од биографија и на кои може да се одговара на прашања кои се испратени по е-маил. Двајцата главни американски кандидати за претседател на последните избори имаа свои веб сајтови, но и сите останати од помалите политички партии.

Многу компании кои нудат производ или услуга, но и многу поединци, веќе имаат свои веб сајтови а деловните е-маил адреси се едно од најважните нешта на визит картичките. Она што сакам да го кажам е тоа дека од интернетот не можеме да побегнеме, а ако не можеме да го победиме треба да му се придружиме.

Немојте да се плашите од новите технологии, ова е најбрзиот, најефтиниот и наједноставниот начин на ширење на информациите за вашата компанија до многу повеќе клиенти.

Wednesday, May 12, 2010

Ајде малку да поразговараме за Email Marketing-от



Email Marketing е облик на директен маркетинг кој ја користи електронската пошта, односно нашиот е-маил како средство за комуникација во комерцијални цели. Самиот поим „ Email Marketing“ се однесува на испраќање на е-мејлови за унапредување на односите со веќе постоечките клиенти и купувачи, и испраќање на е-мејлови за рекламирање, чија цел е секако стекнување на нови купувачи и клиенти.

Кои се позитивните страни на Email Marketing?

Email Marketing-от е популарен помеѓу компаниите од следниве причини: Како за почеток, во однос на другите облици на директен маркетинг е далеку поефтин, огласувачот не мора да плаќа дизајн, хартија, печатење како и разнесување по поштенските сандачиња. Исто така значителна предност е тоа што е многу брз. Потребни се само неколку секунди за разлика од останатите начини на директен маркетинг каде што на разнесувачите им се потребни и по неколку дена да ги достават печатените пропагандни материјали. Според мене еден од поважните моментни е тоа што можете да го следите одзивот. Лесно е да се утврди колку од корисниците ја отвориле, виделе и повторно се вратиле да ја видат и прочитаат пораката што сте им ја испратиле.

Кои се негативните страни на Email Marketing-от?

Наспроти многуте предности кои ги нуди овој вид на маркетинг, постои само една негативна страна а тоа е SPAM-от. Како што е веќе општо познато spam-от е дефиниран како испраќање на голем број на е-мејлови на адреса на сопственици кои не се согласиле да ја примаат таа порака. Во светот постојат многу компании кои илегално се занимаваат со испраќање на spam-ви и со тоа ги дискредитираат оние кои со email marketing работат легално и чии што клиенти се согласиле да примаат реклами, newsletter-и и останати содржини.

Thursday, May 6, 2010

Традиционален Маркетинг v.s. Интернет Маркетинг




Скоро секој бизнис без разлика на тоа дали е голем или мал, има потреба од online претставување. Забележавте ли дека во последно време контактирањето и разговарањето преку електронска пошта, скајп и слично станува подеднакво вообичаено како и зборувањето преку телефон?

Веб базираните бизнис услуги постојано растат и стануваат се подостапни, така што се повеќе традиционални бизниси “се будат“ и сфаќаат колку продуктивен може да биде интернет маркетингот. Но и покрај тоа што online рекламирањето е далеку поефтино, имате постојана контрола врз самиот процес и најважно од се е профитабилен.

Вие мора да креирате постојана маркетинг стратегија која ќе ви овозможи интернетот да работи за вас. Кога станува збор за интернет маркетинг, функционалниот веб сајт треба да има систем за менаџирање со содржини , CMS (content management system), кој значително ќе ви ја олесни работата со update-увањето со информациите.

Ништо не ја “цементира“ вашата врска со клиентите или пак ги мотивира да коментираат како што го прави тоа информативен, редовно апдејтуван и добро дизајниран веб сајт. Постојат тони на ефективни програми на интернет но на почеток мора да ја идентификувате вашата целна група.

Повеќето од клиентите го користат пребарувањето со клучни зборови за да го најдат тоа што им е потребно и токму затоа ова е многу важно да го запаметите кога ги дефинирате вашите клучни зборови. Истоа така не заборавајте вашиот бизнис да го пријавите во бизнис директориумите во вашата држава, како што е на пример
www.macedoniaonweb.mk .

Најголемата разлика помеѓу традиционалниот маркетинг наспроти интернет маркетингот е не само тоа што за релативно кратко време ќе имате пристап до огромен аудиториум, туку и значително ќе ги намалите трошоците за рекламирање кои сте ги имале предходно.

Tuesday, April 27, 2010

Одредување на целта


Во предходниот текст споменав дека пред да започнете да ја „градите“ вашата веб страница, потребно е прво да ја одредите нејзината намена. Доколку има повеќе намени одредете ги приоритетите.
Како за илустација, инвеститорот пред да се одлучи да гради зграда, прво одредува за каква намена ќе биде таа, деловна или стамбена, па дури потоа се одлучува за нејзиниот изглед. Стамбена зграда има сосема поинаков изглед од трговски центар или пак од училиште и сл.

На ист начин треба да пристапиме и при изградбата на интернет страницата односно да ја одредиме целта и намената на истата.

Факт е дека постојат милиони веб страници на нет, и треба да имаме предвид дека се подготвуваме да влеземе во конкуренција со нив. Но иако ги има многу малку од нив привлекуваат многу посетители што впрочем е и нашата цел. Затоа сконцентрирајте се да ја одредите нејзината намена, бидејќи подобро е да се биде најдобар во една работа отколку просечен во повеќе.

Ако се одлучите вашата веб страница да ја намените на пример за изнајмување на приватно сместување, тоа всушност и ќе биде нејзината основна намена. По одредувањето на нејзината намена, следи прашањето за кого е наменета?

Пример, на која возраст се вашите потенцијални клиент, кој пол се (дали очекувате во просек повеќе машки или женски посетители), семејниот статус (дали сакате вашиот сајт да е наменет повеќе за семејни луѓе или не), интересите на вашите посетители (одмор, релаксација) како и интернет искуството на вашите потенцијални посетители, дали се тие почетници или искусни (во принцип треба да се внимава сајтот да биде прилагоден за луѓе со помалку искуство).

Ваквата селекција не значи дека вашата страница нема да ја посетуваат луѓе кои на кои не сте “сметале“ во вашето таргетирање, туку дека претпоставувате дека најголем интерес ќе покажат токму тие.

Thursday, April 22, 2010

Вашиот бизнис на интернет


Кога ја стартувавте својата прва веб страница, веројатно ви се случувало секој ден да го проверувате бројачот на посетители. Претпоставувам дека на почетокот некои од вас немале повеќе од неколку посетители и тоа во текот на цела недела.

Сигурно сте си го поставиле она вообичаено прашање, каде се сите оние луѓе кои се надевав дека ќе го најдат тоа што им е потребно на мојот сајт и слично. Без разлика колку ви е добро изработен сајтот, или пак колку е иновативен вашиот бизнис и вашата веб продавница, скоро никој освен Вие не знае дека сте започнале нов бизнис.
Ако самите не го запознаете светот за постоењето на вашиот сајт тој нема да има нови посетители. Заблуда е да се верува дека за вашиот бизнис доволно е само да се изработи веб страна и таа да се постави на нет.

За успешно да ја промовирате вашата веб страница започнете чекор по чекор да истражувате. За почеток одговорете на следниве прашања кои се надевам дека ќе ви бидат од корист:

- Зошто ја изработив оваа веб страница и која е нејзината основна цел?
- Која е мојата таргет група за која е наметен овој веб сајт?
- Што би можело најмногу да ги интересира моите посетители?