Tuesday, April 27, 2010

Одредување на целта


Во предходниот текст споменав дека пред да започнете да ја „градите“ вашата веб страница, потребно е прво да ја одредите нејзината намена. Доколку има повеќе намени одредете ги приоритетите.
Како за илустација, инвеститорот пред да се одлучи да гради зграда, прво одредува за каква намена ќе биде таа, деловна или стамбена, па дури потоа се одлучува за нејзиниот изглед. Стамбена зграда има сосема поинаков изглед од трговски центар или пак од училиште и сл.

На ист начин треба да пристапиме и при изградбата на интернет страницата односно да ја одредиме целта и намената на истата.

Факт е дека постојат милиони веб страници на нет, и треба да имаме предвид дека се подготвуваме да влеземе во конкуренција со нив. Но иако ги има многу малку од нив привлекуваат многу посетители што впрочем е и нашата цел. Затоа сконцентрирајте се да ја одредите нејзината намена, бидејќи подобро е да се биде најдобар во една работа отколку просечен во повеќе.

Ако се одлучите вашата веб страница да ја намените на пример за изнајмување на приватно сместување, тоа всушност и ќе биде нејзината основна намена. По одредувањето на нејзината намена, следи прашањето за кого е наменета?

Пример, на која возраст се вашите потенцијални клиент, кој пол се (дали очекувате во просек повеќе машки или женски посетители), семејниот статус (дали сакате вашиот сајт да е наменет повеќе за семејни луѓе или не), интересите на вашите посетители (одмор, релаксација) како и интернет искуството на вашите потенцијални посетители, дали се тие почетници или искусни (во принцип треба да се внимава сајтот да биде прилагоден за луѓе со помалку искуство).

Ваквата селекција не значи дека вашата страница нема да ја посетуваат луѓе кои на кои не сте “сметале“ во вашето таргетирање, туку дека претпоставувате дека најголем интерес ќе покажат токму тие.

Thursday, April 22, 2010

Вашиот бизнис на интернет


Кога ја стартувавте својата прва веб страница, веројатно ви се случувало секој ден да го проверувате бројачот на посетители. Претпоставувам дека на почетокот некои од вас немале повеќе од неколку посетители и тоа во текот на цела недела.

Сигурно сте си го поставиле она вообичаено прашање, каде се сите оние луѓе кои се надевав дека ќе го најдат тоа што им е потребно на мојот сајт и слично. Без разлика колку ви е добро изработен сајтот, или пак колку е иновативен вашиот бизнис и вашата веб продавница, скоро никој освен Вие не знае дека сте започнале нов бизнис.
Ако самите не го запознаете светот за постоењето на вашиот сајт тој нема да има нови посетители. Заблуда е да се верува дека за вашиот бизнис доволно е само да се изработи веб страна и таа да се постави на нет.

За успешно да ја промовирате вашата веб страница започнете чекор по чекор да истражувате. За почеток одговорете на следниве прашања кои се надевам дека ќе ви бидат од корист:

- Зошто ја изработив оваа веб страница и која е нејзината основна цел?
- Која е мојата таргет група за која е наметен овој веб сајт?
- Што би можело најмногу да ги интересира моите посетители?

Tuesday, April 13, 2010

Што е Google Analytics?


Во овој текст ќе се обидам на кратко да ви објаснам што е тоа Google Analytics или преведено статистиката на Google. Станува збор за бесплатна услуга која ни ја нуди Google а која ја мери посетеноста на вашата веб страница.

Една од најважните одлики на оваа услуга е тоа што директно е наменета за сопствениците на веб страници за разлика од услугите кои инаку се наменети како алатки со кои се служат исклучиво веб дизајнерите и веб технолозите.

Google Analytics може да ги следи посетителите од сите извори, вклучувајќи ги и сите пребарувачи, објавени огласи на страниците, платени кликови, маркетинг кампањи преку е-маил, линкови кои во себе содржат PDF и сл.

Со помош на оваа анализа корисникот може да ги надгледува online кампањите кои ќе одлучи да ги спроведе на својата веб страница. Крајната намена може да се однесува општо на приходот остварен преку веб.

Со користење на Google Analytics, кој ги собира одредените податоци од вашата веб страна, ви се овозможува да ги анализирате тие податоци и да ги претворите во знаење односно да знаете што треба да смените, да подобрите или пак каде да интервенирате.

Friday, April 9, 2010

Што е тоа интернет маркетинг?













Скоро на сите ни е познато дека интернетот преставува голем број на меѓусебно поврзани (inter-connected networks) компјутерски мрежи, кои што користат TCP/IP протоколи и кои еволуираа од ARPANET од доцните 60-ти и раните 70-ти години. Со други зборови, секогаш кога ќе споите две или повеќе компјутерски мрежи, едноставно имате интернет.
Логично е дека со растот на популарноста на интернетот, многу од неговите алатките се користат и во приватните мрежи. Таков е случајот и со маркетингот.
Што е всушност е Интернет маркетинг?
Тоа е општ поим за маркетинг производ кој се користи како интернет услуга на Веб, веќе подолго време во светот а пред извесно време и во нашата држава.
Во основа, интернет маркетингот се однесува на стратегија која се користи за пласирање на одреден производ или услуга на интернет, односно маркетинг стратегија која вклучува оптимизација на пребарувачите, пријавување во веб директориуми, веб дизајн стратегија, интернет промоција, е-маил маркетинг и слично.
Интернет трговците постојано осмислуваат нови стратегии за интернет маркетинг со надеж да направат поголем сообраќај на својата веб страна а со тоа нормално и да ја зголемат својата продажба.

Ако сте нови во овој “бизнис“ ви препорачувам повеќе да се фокусирате на оптимизацијата на вашата страница, отколку на нејзиниот изглед, бидејќи прометот (сообраќајот) доаѓа од пребарувачите и веб директориумите а не од “изгледот“.
И за крај само да ви кажам дека како поими за интернет маркетинг се користат и веб маркетинг и online маркетинг.

Како да ја индексирате вашата Веб страница


Ако сакате вашата Веб страница или пак вашиот Блог за кратко време да биде добро позициониран на пребарувачот Google, се надевам дека овој текст ќе ви биде корисен бидејќи во него ќе најдете неколку трикови со кои за пократко време ќе бидете индексирани на пребарувачите како што се Google и Yahoo.

Што прво треба да направите? Проверете дали вашата страница има наслов кој одговара (мета наслов), потоа опис (мета опис) и секако клучни зборови (мета клучни зборови).
Потоа во пребарувачот (траката за адреса) ќе впишете: www.aboutus.org/име_ваша_страница.com на пример: www.aboutus.org/ eabacus.org

Ова е едноставен и брз начин да го индексирате вашиот домеин на Google. Aboutus.org е страница која често ја посетуваат “пајаците“ на Google, кои ги собираат документите од целиот интернет за да изградат колку што може подобар индекс за пребарувачот на Google.

Исто така постојат и страници каде што можете да проверите колку вашиот сајт или блог “вредат“. Еве неколку од нив:
• WebsiteOutlook,
• StatBrain,
• CubeStat,
• WebTrafficAgents,
• BuiltWith,
• WhoIs,
• QuarkBase,
• URLfan
• AboutTheDomain.