Monday, May 31, 2010

Односи со јавност на интернет


Доколку за вашата компанија излезе некоја вест (на тв или во весник) со која може да се создаде негативна слика за вашето работење, односите со јавност се уметноста која треба да ја примените за да ги “свртите“ нештата во ваша полза.

Но, за да нема недоразбирања, не станува збор за лажење, туку едноставно да ја кажете другата страна на приказната. Интернетот е совршен медиум, а вашата веб страница е местото каде што можете во целост да имате контрола над содржините и пораките кои се само ваши.

Кога фактите со кои располагате, можете да ги прикажете на начин со кој ќе ги потиснете сите невистини или загрижувачки тврдења кои некој ги изнел против вашата компанија или вас лично, и би го претставиле својот производ/ услуга на таков начин јавноста да ја разбере неговата корист и вредност може да се каже дека сте постигнале П.Р. нирвана.

Денес е незамисливо на пример за политичките кандидати да ги занемарат веб сајтовите на кои може да се download-ира политичка програма, да се пронајдат податоци од биографија и на кои може да се одговара на прашања кои се испратени по е-маил. Двајцата главни американски кандидати за претседател на последните избори имаа свои веб сајтови, но и сите останати од помалите политички партии.

Многу компании кои нудат производ или услуга, но и многу поединци, веќе имаат свои веб сајтови а деловните е-маил адреси се едно од најважните нешта на визит картичките. Она што сакам да го кажам е тоа дека од интернетот не можеме да побегнеме, а ако не можеме да го победиме треба да му се придружиме.

Немојте да се плашите од новите технологии, ова е најбрзиот, најефтиниот и наједноставниот начин на ширење на информациите за вашата компанија до многу повеќе клиенти.

Wednesday, May 12, 2010

Ајде малку да поразговараме за Email Marketing-от



Email Marketing е облик на директен маркетинг кој ја користи електронската пошта, односно нашиот е-маил како средство за комуникација во комерцијални цели. Самиот поим „ Email Marketing“ се однесува на испраќање на е-мејлови за унапредување на односите со веќе постоечките клиенти и купувачи, и испраќање на е-мејлови за рекламирање, чија цел е секако стекнување на нови купувачи и клиенти.

Кои се позитивните страни на Email Marketing?

Email Marketing-от е популарен помеѓу компаниите од следниве причини: Како за почеток, во однос на другите облици на директен маркетинг е далеку поефтин, огласувачот не мора да плаќа дизајн, хартија, печатење како и разнесување по поштенските сандачиња. Исто така значителна предност е тоа што е многу брз. Потребни се само неколку секунди за разлика од останатите начини на директен маркетинг каде што на разнесувачите им се потребни и по неколку дена да ги достават печатените пропагандни материјали. Според мене еден од поважните моментни е тоа што можете да го следите одзивот. Лесно е да се утврди колку од корисниците ја отвориле, виделе и повторно се вратиле да ја видат и прочитаат пораката што сте им ја испратиле.

Кои се негативните страни на Email Marketing-от?

Наспроти многуте предности кои ги нуди овој вид на маркетинг, постои само една негативна страна а тоа е SPAM-от. Како што е веќе општо познато spam-от е дефиниран како испраќање на голем број на е-мејлови на адреса на сопственици кои не се согласиле да ја примаат таа порака. Во светот постојат многу компании кои илегално се занимаваат со испраќање на spam-ви и со тоа ги дискредитираат оние кои со email marketing работат легално и чии што клиенти се согласиле да примаат реклами, newsletter-и и останати содржини.

Thursday, May 6, 2010

Традиционален Маркетинг v.s. Интернет Маркетинг




Скоро секој бизнис без разлика на тоа дали е голем или мал, има потреба од online претставување. Забележавте ли дека во последно време контактирањето и разговарањето преку електронска пошта, скајп и слично станува подеднакво вообичаено како и зборувањето преку телефон?

Веб базираните бизнис услуги постојано растат и стануваат се подостапни, така што се повеќе традиционални бизниси “се будат“ и сфаќаат колку продуктивен може да биде интернет маркетингот. Но и покрај тоа што online рекламирањето е далеку поефтино, имате постојана контрола врз самиот процес и најважно од се е профитабилен.

Вие мора да креирате постојана маркетинг стратегија која ќе ви овозможи интернетот да работи за вас. Кога станува збор за интернет маркетинг, функционалниот веб сајт треба да има систем за менаџирање со содржини , CMS (content management system), кој значително ќе ви ја олесни работата со update-увањето со информациите.

Ништо не ја “цементира“ вашата врска со клиентите или пак ги мотивира да коментираат како што го прави тоа информативен, редовно апдејтуван и добро дизајниран веб сајт. Постојат тони на ефективни програми на интернет но на почеток мора да ја идентификувате вашата целна група.

Повеќето од клиентите го користат пребарувањето со клучни зборови за да го најдат тоа што им е потребно и токму затоа ова е многу важно да го запаметите кога ги дефинирате вашите клучни зборови. Истоа така не заборавајте вашиот бизнис да го пријавите во бизнис директориумите во вашата држава, како што е на пример
www.macedoniaonweb.mk .

Најголемата разлика помеѓу традиционалниот маркетинг наспроти интернет маркетингот е не само тоа што за релативно кратко време ќе имате пристап до огромен аудиториум, туку и значително ќе ги намалите трошоците за рекламирање кои сте ги имале предходно.