Monday, May 31, 2010

Односи со јавност на интернет


Доколку за вашата компанија излезе некоја вест (на тв или во весник) со која може да се создаде негативна слика за вашето работење, односите со јавност се уметноста која треба да ја примените за да ги “свртите“ нештата во ваша полза.

Но, за да нема недоразбирања, не станува збор за лажење, туку едноставно да ја кажете другата страна на приказната. Интернетот е совршен медиум, а вашата веб страница е местото каде што можете во целост да имате контрола над содржините и пораките кои се само ваши.

Кога фактите со кои располагате, можете да ги прикажете на начин со кој ќе ги потиснете сите невистини или загрижувачки тврдења кои некој ги изнел против вашата компанија или вас лично, и би го претставиле својот производ/ услуга на таков начин јавноста да ја разбере неговата корист и вредност може да се каже дека сте постигнале П.Р. нирвана.

Денес е незамисливо на пример за политичките кандидати да ги занемарат веб сајтовите на кои може да се download-ира политичка програма, да се пронајдат податоци од биографија и на кои може да се одговара на прашања кои се испратени по е-маил. Двајцата главни американски кандидати за претседател на последните избори имаа свои веб сајтови, но и сите останати од помалите политички партии.

Многу компании кои нудат производ или услуга, но и многу поединци, веќе имаат свои веб сајтови а деловните е-маил адреси се едно од најважните нешта на визит картичките. Она што сакам да го кажам е тоа дека од интернетот не можеме да побегнеме, а ако не можеме да го победиме треба да му се придружиме.

Немојте да се плашите од новите технологии, ова е најбрзиот, најефтиниот и наједноставниот начин на ширење на информациите за вашата компанија до многу повеќе клиенти.

No comments:

Post a Comment