Wednesday, May 12, 2010

Ајде малку да поразговараме за Email Marketing-от



Email Marketing е облик на директен маркетинг кој ја користи електронската пошта, односно нашиот е-маил како средство за комуникација во комерцијални цели. Самиот поим „ Email Marketing“ се однесува на испраќање на е-мејлови за унапредување на односите со веќе постоечките клиенти и купувачи, и испраќање на е-мејлови за рекламирање, чија цел е секако стекнување на нови купувачи и клиенти.

Кои се позитивните страни на Email Marketing?

Email Marketing-от е популарен помеѓу компаниите од следниве причини: Како за почеток, во однос на другите облици на директен маркетинг е далеку поефтин, огласувачот не мора да плаќа дизајн, хартија, печатење како и разнесување по поштенските сандачиња. Исто така значителна предност е тоа што е многу брз. Потребни се само неколку секунди за разлика од останатите начини на директен маркетинг каде што на разнесувачите им се потребни и по неколку дена да ги достават печатените пропагандни материјали. Според мене еден од поважните моментни е тоа што можете да го следите одзивот. Лесно е да се утврди колку од корисниците ја отвориле, виделе и повторно се вратиле да ја видат и прочитаат пораката што сте им ја испратиле.

Кои се негативните страни на Email Marketing-от?

Наспроти многуте предности кои ги нуди овој вид на маркетинг, постои само една негативна страна а тоа е SPAM-от. Како што е веќе општо познато spam-от е дефиниран како испраќање на голем број на е-мејлови на адреса на сопственици кои не се согласиле да ја примаат таа порака. Во светот постојат многу компании кои илегално се занимаваат со испраќање на spam-ви и со тоа ги дискредитираат оние кои со email marketing работат легално и чии што клиенти се согласиле да примаат реклами, newsletter-и и останати содржини.

No comments:

Post a Comment