Tuesday, April 27, 2010

Одредување на целта


Во предходниот текст споменав дека пред да започнете да ја „градите“ вашата веб страница, потребно е прво да ја одредите нејзината намена. Доколку има повеќе намени одредете ги приоритетите.
Како за илустација, инвеститорот пред да се одлучи да гради зграда, прво одредува за каква намена ќе биде таа, деловна или стамбена, па дури потоа се одлучува за нејзиниот изглед. Стамбена зграда има сосема поинаков изглед од трговски центар или пак од училиште и сл.

На ист начин треба да пристапиме и при изградбата на интернет страницата односно да ја одредиме целта и намената на истата.

Факт е дека постојат милиони веб страници на нет, и треба да имаме предвид дека се подготвуваме да влеземе во конкуренција со нив. Но иако ги има многу малку од нив привлекуваат многу посетители што впрочем е и нашата цел. Затоа сконцентрирајте се да ја одредите нејзината намена, бидејќи подобро е да се биде најдобар во една работа отколку просечен во повеќе.

Ако се одлучите вашата веб страница да ја намените на пример за изнајмување на приватно сместување, тоа всушност и ќе биде нејзината основна намена. По одредувањето на нејзината намена, следи прашањето за кого е наменета?

Пример, на која возраст се вашите потенцијални клиент, кој пол се (дали очекувате во просек повеќе машки или женски посетители), семејниот статус (дали сакате вашиот сајт да е наменет повеќе за семејни луѓе или не), интересите на вашите посетители (одмор, релаксација) како и интернет искуството на вашите потенцијални посетители, дали се тие почетници или искусни (во принцип треба да се внимава сајтот да биде прилагоден за луѓе со помалку искуство).

Ваквата селекција не значи дека вашата страница нема да ја посетуваат луѓе кои на кои не сте “сметале“ во вашето таргетирање, туку дека претпоставувате дека најголем интерес ќе покажат токму тие.

No comments:

Post a Comment